Monday, May 19, 2014

малина попиванова

Во револуционерното движење се вклучува многу млада, уште за време на школувањето. Во 1919 година е затворена од страна на бугарската полиција за време на демонстрации во Софија. Заедно со неа се затворени и другите членови на семејството Попиванови, родителите и браќата Иван и Цеко.
Во КПЈ е примена кон крајот на 1920 година и својата прва партиска активност ја има во Белград. Тука останува до средината на 1921 година и студира фармакологија. Потоа револуционерната активност ја продолжува во Скопје каде останува до 1924 г. Додека е во Скопје е активен член на Културно-уметничкото друштво „Абрашевиќ“.
Есента 1924 година, по налог на ЦК КПЈ заминува на школување во СССР и станува првата Mакедонка која ќе дојде во Советскиот Сојуз во партиска школа, односно во Комунистичкиот универзитет „Свердлов“, кој го завршува во 1928 г.

No comments:

Post a Comment